logo
logo
logo

Роналдо со чекор назад во кариерата АМА СО МНОГУ МИЛИОНИ НА СМЕТКА

Vecer | 05.12.2022

Роналдо со чекор назад во кариерата АМА СО МНОГУ МИЛИОНИ НА СМЕТКА

Од 1 јануари 2023 година Кристијано Роналдо ќе биде нов член на Ал Наср од Саудиска Арабија, пишува шпанскиот спортски весник „Марка“.

Шпанскиот весник потсетува дека Португалецот, како што беше најавено во претходните денови, договорил две и пол годишна соработка со клубот од Саудиска Арабија, чија вредност е околу 500 милиони евра.

Во новиот клуб годишно ќе заработува околу 200 милиони евра. Со потпишувањето на договор со Ал Наср, Роналдо ќе стане еден од најплатените спортисти во светот.

„Роналдо најде тим со кој ќе доминира во Саудиска Арабија, но лигата во оваа земја е далеку од светско ниво. Тој направи чекор назад во својата спортска кариера, но овој договор ќе му донесе многу пари“, вели „Марка“.

Тренер на Ал Наср е Французинот Руди Гарсија, додека соиграчи на Португалецот меѓу другите ќе бидат Алваро Гонзалес и голманот Давид Оспина.

Роналдо пред неколку недели го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, а моментално настапува за Португалија на Светското првенство во Катар.

Претходно играше за Јувентус, Реал и Спортинг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk