logo
logo
logo

Роналдо се пофали: Го соборив рекордот на Пеле, но нема да застанам тука

Vecer | 14.03.2021

Роналдо се пофали: Го соборив рекордот на Пеле, но нема да застанам тука

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо објави дека го надминал рекордот на Пеле и стана најдобар стрелец во историјата на фудбалот.

„Последните неколку недели беа полни со вести и статистики, каде бев прогласен за најдобар стрелец во историјата на фудбалот, надминувајќи го Пеле со 757 гола на официјалните натпревари. Иако сум благодарен за ова признание, сега е време да објаснам зошто не го споменав овој рекорд до сега.

Моето вечно и безусловно воодушевување од господинот Едсон Арантис до Насименто, како и мојата почит кон фудбалот во средината на 20 век, ме натера да верувам дека тој постигна 767 гола, вклучително и 9 гола за националниот тим на државата Сао Паоло, како и еден гол за армискиот тим на официјален натпревар. Светот се промени од тогаш, и фудбалот се смени, но тоа не значи дека можеме само да ја избришеме историјата заради нашите интереси.

Денес, кога стигнувам до 770 официјални гола во кариерата, прво се вртам кон Пеле. Нема играч на светот кој не пораснал со приказните за неговите игри, неговите голови и достигнувања, и јас не сум исклучок. Поради оваа причина, исполнет сум со радост и гордост кога ги препознавам головите што ме ставаат на врвот на светската листа на стрелци, дозволувајќи ми да го надминам рекордот на Пеле. Сега се радувам на следните игри и предизвици, повеќе рекорди и трофеи! Верувајте ми, оваа приказна е далеку од завршена“, вели меѓу другото во својот пост на Инстаграм, португалскиот супер-стар.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk