Португалскиот фудбалер сака да ужива, а тоа од сега ќе може да го прави и во главниот град на Португалија. Иако сезонава не му оди најдобро на терен, неговиот Јувентус нема да освои титула во Италија, во ЛШ Јуве веќе не е во игра…

Сепак, вон теренот се поднови со луксузен стан од 7,2 милиони евра.

Медиумите во Португалија објавија дека тој го купил најскапиот стан во Лисабон. Станот е со површина од 287 квадрати, во срцето на Лисабон на улицата „Руи Кастиљо“. Станот е сместен на 20 кат и нуди спектакуларен поглед од 360 степени на цел град.

Во овој огромен стан, Роналдо ќе има неколку спални соби, купатило со џакузи, теретана, базен со хидромасажа како и надворешен базен на покрив, кино, играчница.

Еве неколку фотографии од станот:

 

sportmedia.mk