logo
logo
logo

Роналдо преку својата сестра жестоко му возврати на Флорентино Перез!

Vecer | 12.08.2022

Роналдо преку својата сестра жестоко му возврати на Флорентино Перез!

Се чекаше само момент кога и како Кристијано Роналдо ќе реагира на навредата на Флорентино Перез. Имено првиот човек на Реал Мадрид на прашањето дали Роналдо ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“, тој одговори:

Сега да го вратам!? Па тој има 38 години…“.

Секако дека ова беше голема навреда за Роналдо, а тој преку својата сестра исто така имаше што да каже.

Имено Катиа Авеиро му порача на Перез преку социјалните мрежи:

Тој можеби има 38 години, но може да скокне два метри и да остане три минути. Исто така, неговото тело нема маснотии. Покажи малку почит старецу, ти имаш 75 години“.

Се претпоставува дека ова се зборови на самиот Кристијано, само пренесени од неговата сестра.

По се изгледа почнува “војна“ меѓу Перез и Роналдо.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk