logo
logo
logo

Роналдо одново фрли дрес, но сега на Јувентус, Пирло го брани

Vecer | 12.04.2021

Роналдо одново фрли дрес, но сега на Јувентус, Пирло го брани

Големата ѕвезда на Јувентус Кристијано Роналдо одново нервозен на еден натпревар. Сега на мечот со Џенова во Серија А. „Бјанконерите“ го добија дуелот со 3:1, но Португалецот остана разочаран од своите соиграчи како и поради фактот што не успеа да реализира гол. По завршување на мечот Кристијано го соблече дресот и го фрли на земја. Еден од подавачите на топки покрај теренот го зема „скапоцениот“ дрес.

Според „Газета дело Спорт“ Роналдо продолжил да го искажува незадоволството и во соблекувалната на Јувентус со тоа што удрил во вратата, набрзина се истуширал и излегол од соблекувалната и заминал дома без да каже збор. Изданието тврди дека Роналдо смета дека сегашната состојба на екипата не одговара на неговата класа и побарал гаранции дека тоа ќе се промени идната сезона за да остане во Торино.

Португалецот сака Јувентус да привлече и други големи играчи, но засега шефовите на Јуве не можат да го гарантираат тоа во услови на криза, па така иднината на Роналдо во Јувентус е несигурна, заклучува „Газета“.

Ова е втор пат за неколку недели Роналдо изнервиран да го фрли дресот. Прво тоа го направи со португалскиот кога не му беше признат гол на дуелот со Србија. Се изнервира го соблече дресот и го фрли на земја. Сега истото го направи и со дресот на Јувентус. Неофицијално, клубот нема намера да го казни за овој неспортски гест. Според новинарот Ромео Агрести овој потег на Роналдо лошо изгледа пред камерите. Тој всушност претходно се договорил со подавачот на топки да му го даде дресот по натпреварот па затоа овој потег не треба да се оцени како скандалозен.

Oд друга страна тренерот Андреа Пирло кажува друга верзија:

„Нормално дека не е задоволен. Тој сака да постигнува голови, а кога нема да постигне гол се лути. Тој е шампион и затоа сака редовно да погодува“, вели тренерот на Јувентус.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk