Роналдо им го препорачал Хамес на Јувентус

" alt=

Италијанското радио „Раи спорт“, извести дека Кристијано Роналдо сака Јувентус во Торино да го донесе играчот на Баерн Минхен, Хамес Родрогез.

Кристијано и Хамес беа соиграчи во Реал Мадрид во периодот од 2014 до 2017 година. Потоа Колумбиецот се пресели на две годишна позајмица во Баерн, а Португалецот по една сезона реши да замине во Јувентус.

„Раи спорт“, наведува дека Роналдо ги светувал челниците на клубот да ја искористат моментната ситуација во баерн и да се обидат да го донесат незадоволниот Хамес.

27-годишниот играч неколку пати јавно го искажа незадоволството поради честите ротации и малата минутажа што ја добива од тренерот Нико Ковач.

Баерн наредната сезона има можност да го откупи договорот на Хамес за 42 милиони евра и веројатно е дека Баварците ќе го направат тоа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари