Роналдо и Меси заедно ќе го следат финалето меѓу Ривер и Бока

На 9 декември во Мадрид ќе се одигра реванш-дуелот од финалето на Копа Либертадорес. Стадионот „Сантијаго Бернабеу" ќе биде домаќин на битката меѓу аргентинските гиганти Ривер и Бока.

Шпанското издание „АС" денеска информира дека мечот ќе биде гледана во живо од двете најголеми ѕвезди на модерниот фудбал во последните 10 години – Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Не само тоа, туку и двајцата ќе добијат посебни места во ложите еден до друг за претстојниот дуел.

Интересно, идејата била лично на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Првпат во својата кариера, двајцата ќе седат на трибините за да гледаат фудбалски натпревар, а трофејот на Копа Либертадорес се очекува да создаде уникатна атмосфера во главниот град на Шпанија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари