logo
logo
logo

Роналдо го прекина молкот: Вистинските шампиони не попуштаат

Vecer | 13.03.2021

Роналдо го прекина молкот: Вистинските шампиони не попуштаат

Ѕвездата на Јувентус Кристијано Роналдо реши да позборува после силните критики кон него по елиминацијата на „Старата дама“ од Лигата на шампионите. Порто го елиминира италијанскиот шампион, а последните денови се пишува дека Роналдо сака да се врати во Реал Мадрид затоа што е свесен дека не може да изврши никакво влијание на клетвата на Јувентус наречена Лига на шампиони.

Поважно од бројот на падови во животот е колку бргу и цврсто ќе застанете на нозе… Вистинските шампиони никогаш не попуштаат. Нашиот фокус сега е титулата во Серија А и финалето на Купот на Италија, тоа е се што можеме се уште да постигнеме оваа сезона“, напиша Роналдо.

Историјата не може да се избрише, таа секојдневно се пишува со еластичност, тимски дух, упорност и многу напорна работа. А оние кои ова не го разбираат, никогаш нема да постигнат слава и успех“, порача Португалецот.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk