logo
logo
logo

РОНАЛДО е ВИНОВЕН за огромната казна на Манчестер! Еве и зошто

Vecer | 09.11.2022

РОНАЛДО е ВИНОВЕН за огромната казна на Манчестер! Еве и зошто

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) го казни Манчестер Јунајтед со 82.000 фунти поради неспортско однесување на неговите играчи на натпреварите против Њукасл и Челзи, објави британскиот јавен сервис Би-би-си.

На натпреварот против Њукасл играчите на Јунајтед го опколија судијата откако голот на Кристијано Роналдо беше поништен поради офсајд.

Следната недела играчите на Јунајтед неспортски реагираа по досудениот пенал за Челзи.

Судијата Крег Паусон, кој го поништи голот на Јунајтед против Њукасл, му покажа жолт картон на Роналдо кој ги предводеше соиграчите за време на протестот.

Обвинението на ФА, во кое се вели дека Јунајтед „не успеал да се погрижи неговите играчи да се однесуваат во согласност со правилата“, беше поднесено во октомври.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk