logo
logo
logo

Романските медиуми: Се спасивме, Македонија ни нанесе огромни проблеми

Vecer | 26.03.2021

Романските медиуми: Се спасивме, Македонија ни нанесе огромни проблеми

Во дел од романските медиуми може да се види дека има и пофалби, но и критики за фудбалерите на Романија кои вчера на „мускули“ ја совладаа Македонија со 3:2.

„Хаџи ја спаси Романија. Во нашиот табор имаше играчи кои разочараа, но и кои блеснаа, исто како и во Македонија“, пишува изданието на ГСП.

Во нашиот табор со највисоки оценки од романските медиуми завршија Барди и Адеми, додека со најслаби Муслиу и Стојановски.

„Да искористеше една шанса Македонија на почетокот, ќе беше многу потешко. Среќата на крајот не послужи, иако Македонија стигна до 2:2“, се вели во извештаите.

Интересно е да се напомене дека за сите тројца стрелци, ова беа први голови во романскиот национален тим за Танасе, Михаила и Хаџи. Сите играчи од средниот ред.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk