Романските медиуми со голем интерес го проследија пристигнувањето на македонскиот нациоанлен тим во Букурешт. Неколку ТВ станици се најдоа на аеродромот каде што правеа инсерти, но поради строгите протоколи, изјави не беа давани.

Во фокусот на телевизиите беа Горан Пандев, нашиот најдобар фудбалер, како и Бобан Николов, фудбалер кој е добро познат на Романците со оглед дека настапуваше таму.

Македонија прва пристигна во Букурешт, пред Австрија. Инаку по пристигнувањето во главниот романски град дожд ја дочека експедицијата.

sportmedia.mk