logo
logo
logo

Рома почна да бара нов тренер: Тројца кандидати за наследници на Фонсека

Vecer | 23.03.2021

Рома почна да бара нов тренер: Тројца кандидати за наследници на Фонсека

Пауло Фонсека ќе мора да ја напушти Рома доколку не успее да се квалификува во Лигата на шампионите оваа сезона. Според италијанските весници, во Рим веќе имаат листа од три имиња кои се најсериозни кандидати да го заменат португалскиот тренер, за кој, пак, се зборува дека ќе остане во Италија и следната сезона, но како нов тренер на Наполи.

Договорот на Фонсека истекува во јуни, но истиот има клаузула која вели дека договорот автоматски ќе му се продолжи доколку Рома обезбеди место во Лигата на шампионите.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Маурицио Сари и Масимилијано Алегри се водечките кандидати за преземање на клубот доколку Фонсека замине, а како трето име од позадина се споменува и Јулијан Нагелсман од РБ Лајпциг.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk