logo
logo
logo

Рогановиќ се уште е позитивен, Црна Гора и вечерва ќе ја води Мрављевиќ

Vecer | 15.01.2022

Рогановиќ се уште е позитивен, Црна Гора и вечерва ќе ја води Мрављевиќ

Состојбата во Дебрецен се менува од час во час. Како штообјавија од Ракометната федерација на Црна Гора, селекторот Зоран Рогановиќ нема да ги предводи нашите ривали на вечерашниот натпревар во второто коло на Европското првенство во Унгарија. ПЦР тестот покажал дека тој се уште е позитивен.

Рогановиќ доцна синоќа пристигна во Дебрецен и по пристигнувањето беше тестиран во близина на „Феникс Арената“, каде се играат натпреварите од групата А. Откако доби негативен резултат на брз тест, тој доби дозвола да влезе во хотелот во кој се наоѓа нашата репрезентација.

Утринава беа направени нови тестови, а во пресрет на тестовите, Рогановиќ доби дозвола да одржи тренинг кој се одржа во салата, веднаш до хотелот.

По тренингот пристигна вест дека Рогановиќ бил позитивен на ПЦР, па по пристигнувањето во хотелот морал повторно да оди во изолација.

Тоа значи дека Црна Гора од клупата вечерва ќе ја предводи директорот на репрезентацијата Драшко Мрваљевиќ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk