logo
logo
logo

Роденденска торта за Нено во Перм, Тодоров со порака до момците

Vecer | 22.02.2021

Роденденска торта за Нено во Перм, Тодоров со порака до момците

Ненад Димитријевиќ во Перм го прослави 23. роденден. Пласманот на ЕП 2022 година ќе беше најубавиот подарок за репрезентативниот плејмејкер, но за жал својата шанса со останатите момци ќе ја чекаат во подобри денови.

Фотографијата од овој специјален момент ја сподели селекторот, Александар Тодоров, кој испрати кратка порака до кошаркарите, вклучувајќи и честитката до Нено, кој денеска покажа големина. Денеска се жртвуваше за својата репрезентација, со повреда и болки, одлучи да го одигра мечот со Естонија.

„Нашата најголема победа е што никогаш не паѓаме, туку растеме се повеќе, секој пат штом паднеме. Благодарност до сите во тимот за ова неверојатно, но не целосно исполнето патување. Горд сум што бев тренер на овие 15 момци.

И да не заборавам, среќен роденден Нено“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk