logo
logo
logo

Ривер во паника пред дуелот со Бока - дури 15 фудбалери позитивни на КОВИД-19

Vecer | 16.05.2021

Ривер во паника пред дуелот со Бока - дури 15 фудбалери позитивни на КОВИД-19

Ривер Плејт ќе мора да излезе на мегдан со Бока Јуниорс вечерва (22:30 часот по македонско време) без 15 фудбалери кои имале позитивен тест на коронавирусот КОВИД-19. Меѓу нив четворица се голмани што значи дека гигантот од „Монументал“ ќе има големи главоболки во пресрет на четвртфиналниот дуел во Лига купот со најголемиот ривал.

Првично медицинскиот тим на Ривер објави листа на 10 позитивни фудбалери, а потоа на истиот додаде уште четворица. Меѓу нив се и четворицата голмани: репрезентативецот Франко Армани, потоа „резервистите“ Енрике Болоња, Герман Лукс и Франко Петроли. Тренерот Гаљардо мораше да го повика Леонардо Диаз, членот на младинската екипа.

Ова се големи проблеми за „милионерите“ затоа што им претстојат два важни натпревари во Копа Либертадорес (со колумбиски Санта Фе на 18 мај и бразилски Флуминенсе на 25 мај). Инаку дуелот со Бока се игра на „Бонбоњера“, а победникот во полуфиналето ќе се соочи со подобриот од дуелот Велез-Расинг.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk