logo
logo
logo

Ристовски: Силата на Работнички е во заедништвото, ги сакаме трите бода и со Силекс

Vecer | 25.02.2021

Ристовски: Силата на Работнички е во заедништвото, ги сакаме трите бода и со Силекс

Во пресрет на саботниот натпревар со Силекс на Националната арена „Тодор Проески“, тој е подготвен за официјално првенствено деби во дресот на Работнички. Вели дека веќе се чувствува како староседелец, затоа што атмосферата во тимот е семејна, а Работнички силата ја црпи од заедништвото.

„Се чувствувам како ‘сто години’ да сум дел од клубот. Работнички е едно големо семејство и тоа не е фраза. Кога човек ќе пристигне во ова големо семејство, веднаш ја чувствува топлината на заедништвото. Верувам дека тоа ќе ни носи успеси во пролетниот дел од првенството“, вели Ристовски.

Подготвен е за деби во второто пролетно коло.

„Го пропуштив мечот против Академија Пандев поради жолти картони. Затоа сега едвај чекам да дебитирам. Подготвен сум максимално, а шефот Александар Влахо ќе одлучи дали ќе добијам минутажа. Најважно е Работнички да продолжи победнички и по успехот во Струмица да надоврземе и триумф против Силекс. Секако, респект за гостите, тие се квалитетен тим. Сепак, ние ги посакуваме трите бода“, најавува Марјан Ристовски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk