logo
logo
logo

Ристовски: Има ли поголем мотив од полуфинале?

Vecer | 14.04.2021

Ристовски: Има ли поголем мотив од полуфинале?

Динамо Загреб за кого настапуваат македонските репрезентативеци, Стефан Ристовски и Аријан Адеми, утре и гостува на Виљареал во реванш мешот од четвртфиналето во Лига Европа. Првата средба во Загреб заврши со минимална победа на шпанскиот состав од 1-0.

Хрватскиот првак зад себе има одлична сезона, па токму затоа нема да биде изненадување доколку успее да дојде до полуфиналето. Во ова верува и Ристовски.

„Не постои поголем мотив од пласман во полуфиналето. Знаеме каков квалитет има Виљареал, а но ние сме добра и искусна екипа, тоа го покажавме во текот на целата сезона, вака ќе се поставиме утре. Треба да влеземе сериозно со гладни глави. Дај боже да поминеме“, изјави македонскиот репрезентативец за официјалниот сајт на Динамо Загреб.

ФОТО: ДИНАМО ЗАГРЕБ


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk