Динамо Загреб славеше победа на гостувањето кај Краснодар со 3:2 во рамките на првиот меч од 1/16 финалето на Лигата на Европа. „Модрите“ одиграа одличен меч, беа прецизни токму кога требаше за на крај да слават со 3:2. Домашните два пати го стигнаа водството на гостите, но третиот пат не успеаја.

Првите два гола за Динамо ги постигна Бруно Петковиќ (15 и 54 минута) и двата на асистенција на Оршиќ. Швеѓанецот Маркус Берг во 28 минута го изедначи резултатот на 1:1. Во 69 минута изедначи Клаесон за руската екипа, но победата за хрватскиот шампион ја обезбеди Нигериецот Атемвен во 75 минута.

Цел меч за Динамо одиграа македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Реваншот е на „Максимир“ на 25 февруари.

sportmedia.mk