logo
logo
logo

Ристовска: Се надевам на три победи и верувам во тоа!

Vecer | 18.03.2021

Ристовска: Се надевам на три победи и верувам во тоа!

Македонската женска ракометна репрезентација утре (17:45 часот) против Исланд ги стартува квалификациите за пласман во баражите за СП во Шпанија. За нашите дами дел од противниците се познати, тие со голема самодоверба влегуваат во трите натпревари.

Сара Ристовска заедно со останатите поискусни репрезентативки сакаат на помладите да им бидат вистински пример, заедно да стигнат до посакуваната цел.

„Противниците ни се познати. Ние играме на домашен терен, нормално дека сме фаворити, се подготвуваме овие неколку дена, дисциплирани сме. Имаме доста новитети во нашата селекција, подобра организација, како и нови млади ракометарки. Навистина имаме голема одговорност ние поискусните, ии треба да покажеме дека сме столбот на репрезентација во однос на младите кои треба да се огледаат на нас. Јас се надевам на три победи и верувам во тоа, затоа што се подготвуваме за тоа. Имаме искуство во вакви квалификации и верувам дека ќе држиме нивото и ќе покажеме некое ново светло“, изјави Ристовска.

Поддршката е најважна, таа е клучот за успех во следните три дена.

„Ние сме спој на младост плус искуство. Ние играме во попрофесионални клубови кои не се на ист ранг како македонските. Ние им помагаме на сите и пробуваме да се вклопиме едни со други и верувам во успех“, додава Ристовска.

РАСПОРЕД НА МЕЧЕВИТЕ

19.03.2021 (17:45 часот) Македонија – Исланд

20.03.2021 (17:45 часот) Македонија – Литванија

21.03.2021 (17:45 часот) Македонија – Грција

*Прво и второпласираната репрезентација од групата ќе обезбедат место во баражот пласман на Светско Првенство 2021 Шпанија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk