Ристевски без пласман во слалом, Мирер освои злато

Андре Мирер на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг го забележа резултатот н кариерата, откако во слаломската трка успеа да го освои златниот медал. На оваа трка меѓу 106.пријавени за настап беше и македонскиот репрезентативец Антонио Ристевски но тој не успеа да ја заврши првата трка.

Мирер на патеката во Пјонгчанг ги искористи грешките на главните конкуренти Марсел Хиршер и Хенрик Кристоферсен, по двете трки забележа време 1:38.99 минути и го освои златото. Мирер е првиот Швеѓанец што освоил олимписка титула во алпско скијање по пауза од 38 години, кога легендарниот Ингемарк Стенмарк осви златни медали во слалом и велеслалом на Игрите во Лејк Плесид.

Вистински подвиг направија Швајцарецот Рамон Ценхојзерн и Австриецот Михале Мат кои по одличните возења во втората трка стигнаа до второто, однсно третото место.

Ценхојзер по првата трка беше деветти, а на крајот го освои среброто со 34 стотинки послабо време од Мирер, додека Мат иако 12. по првата трка успеа да стигне до треото место.

35-годишниот Швеѓанец по првата трка се наоѓаше на второт место зад Кристоферсен, кој не успеа да ја заврши втората трка. Од друга страна најголемиот фаворит за златото Марсел Хиршер излета од патеката уште во првата трка.

Хиршер кој претходно освои златни медали во Супервелеслалом и велеслалом ја пропушти шансата да влезе во друшштво на јаница Костелиќ, Тони Зајлер и Жан-Клод Кили кои на едни игри освоиле три злата.

Македонскиот репрезентативец Антонио Ристевски настапи на трката во слалом, но не успеа да оставри пласман, откако не ја заврши првата трка.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари