logo
logo
logo

Рим и Рома подготвени за Мурињо

Vecer | 07.05.2021

Рим и Рома подготвени за Мурињо

Нова ера доаѓа во тимот на Рома. Ерата на Жозе Мурињо. Еден од најквалитетните, најтрофејни но и најконтроверзни тренери на сите времиња го презима клубот од лето, и се очекува да доесе многу новитети.

Клубот е подготвен за промените, но и градот Рим, каде што веќе насекаде почнуваат да никнуваат графити, но и прекрасни мурал уметнички дела со ликот на португалецот.

Еден од нив осамна денеска, а го претставува Мурињо со шал на Рома како управува веспа, синонимот на Италија, на Рим и на начинот на живот во овој легендарен град. Со ова навивачите на Рома на новиот тренер сакаат да му посакаат само едно искрено добредојде.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk