logo
logo
logo

Ридигер ќе мора да оди на операција на коленото

Vecer | 28.04.2025

Ридигер ќе мора да оди на операција на коленото

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Ридигер ќе мора на операција. Германскиот дефанзивец го мачи проблемот со коленото кој може да се реши само со операција.

Искусниот дефанзивец во последно време не може да го даде целиот свој потенцијал токму поради повредата, поради која мораше предвреме да го заврши и мечот со Барселона во Купот на Шпанија.

Се очекуваше Ридигер да биде опериран на крајот на сезоната, но тоа би можело да се случи и порано, затоа што повредата се компликува. Ако биде казнет поради однесувањето во финишот на финалниот меч од Купот на Шпанија против Барселона во саботата, тогаш Германецот сигурно ќе се реши да замине на операција.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk