logo
logo
logo

РФМ одлучи: Следната сезона со 12 екипи, Вардар и Пелистер почнуваат од првото коло

Vecer | 12.04.2021

РФМ одлучи: Следната сезона со 12 екипи, Вардар и Пелистер почнуваат од првото коло

Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за системот на натпреварување во Суперлигата следните две сезони. Oваа сезона опстанок ќе обезбедат првите две екипи од плеј-аутот, а третата ќе игра бараж со второпласираната екипа од Прва лига, додека шампионот во второлигашкото друштво ќе обезбеди директна промоција во елитата. Исто така од следната сезона сехалигашите ќе се натпреваруваат уште во регуларниот дел од Суперлигата.

Покрај тоа, донесена е одлука за намалување на лигата од сезоната 2022/23, од дванаесет на десет екипи. Воедно, бројот на странци за таа сезона ќе се лимитира на само шест ракометари, од кои три може да бидат по произволен избор, но тројца мора да имаат најмалку по десет настапи за своите репрезентации.

Ова се одлуките на ОУ на РФМ.

„ Од сезона 2021/2022 Машката Супер лига да брои 12 ракометни екипи односно екипите

со остварен пласман 1-во до 10-то место од сезона 2020/2021 и победникот од бараж

натпреварот помеѓу 11-то пласираниот во Супер Лига и 2-ро пласираниот од Прва Лига

од сезона 2020/2021 и победникот од Прва Лига од сезона 2020/2021, системот на

натпреварување да биде еднокружен бод систем,

• Натпреварите во првиот регуларен дел се одигруваат по еднокружен бод систем

(домаќин-гостин 2 х 11 кола) вкупно 22 кола.

• По завршување на 22-ро коло ќе се игра play-off и play-out, односно екипите

пласирани/рангирани од 1-во до 6-то место ќе ја формираат групата play-off од 6

екипи, екипите со остварен пласман 7-мо до 12-то место ќе ја формираат групата playout.

• Во play-off екипите се натреваруваат во еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2

х 5 кола) вкупно 10 кола до добивање конечен пласман во највисок степен на

натпреварување, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот

регуларен дел од одиграните 22 кола, по принципот:

1-от пренесува 5 бода

2-от пренесува 4 бода

3-от пренесува 3 бода

4-от пренесува 2 бода

5-от пренесува 1 бод

6-от пренесува 0 бодови

• Во play-out групата, формирана од екипите од 7-мо до 12-то место, разигруваат по

еднокружен бод систем ( домаќин – гостин 2 х 5 кола) вкупно 10 кола за опстанок во

Супер Лига, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот

регуларен дел од одиграните 22 кола по принципот :

7-от пренесува 5 бодови

8-от пренесува 4 бода

9-от пренесува 3 бод

10-от пренесува 2 бодови

11-от пренесува 1 бод

12-от пренесува 0 бодови“, се вели во соопштението на РФМ“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk