logo
logo
logo

РФМ најавува спектакл: 30 години репрезентација и испраќање на Лазаров, Стоилов…

Vecer | 06.12.2022

РФМ најавува спектакл: 30 години репрезентација и испраќање на Лазаров, Стоилов…

Ракометната федерација на Македонија по повод 30-годишнината од македонската ракометна репрезентација во машка конкуренција, подготвува голем ракоменетн спектакл.

РФМ на 3 јануари во СЦ „Борис ТрајковскИ“ ќе организира ревијален натпревар меѓу сениорската репрезентација и тим составен од поранешните македонски ракометни репрезентативци.

Овој натпревар воедно ќе биде проштален на доскорешните репрезентативци Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Стојанче Стоилов и други.

Македонските навивачи ќе имаат можност да ги видат нашите репрезентативци кои во јануари ги очекува настап на Светското првенство 2023 во Полска и Шведска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk