logo
logo
logo

РФМ ја исплати премијата од 700.000 денари за кадетките, парично ги награди Начевски и Николов

Vecer | 24.09.2021

РФМ ја исплати премијата од 700.000 денари за кадетките, парично ги награди Начевски и Николов

Ракометната федерација на Македонија денеска ги исплати паричните награди за кадетките за првото место на шампионатот во Литванија, како и за обезбедување на пласман на следните натпреварувања.

„По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати паричната награда во вкупна вредност од 700.000 денари за женската кадетска ракометна репрезентација и членовите на стручниот штаб за освојување на прво место на EHF Championship W17 Lithuania 2021, како и за обезбедување пласман на W17 EHF EURO 2023, W19 EHF EURO 2023  и обезбедено учество на WU18 WCH 2022 во Грузија“, се вели во соопштението на РФМ.

Дополнително, согласно донесена одлука на Управниот Одбор, Ракометна Федерација на Македонија  ја исплати и паричната награда на EHF и IHF судискиот пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов во износ од 1000 Евра поединечно за учество на финалната арбитража на Олимпискиот Турнир во Токио.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk