logo
logo
logo

РЕВОЛУЦИЈА ВО АНГЛИЈА: Само врвен тренер ќе може да работи во Премиер лигата?

Vecer | 11.02.2021

РЕВОЛУЦИЈА ВО АНГЛИЈА: Само врвен тренер ќе може да работи во Премиер лигата?

Револуционерно решение може да донесе Англиската фудбалска асоцијација во однос на менаџерите во Премиер лигата. Според информацијата на локалните медиуми, на Островот може да се случи сериозна промена што се однесува до назначувањето на странски тренери на чело на премиерлигашите.

Според проектот, менаџер на елитен англиски тим ќе може да биде само специјалист, кој во две едноподруго сезони работел како тренер во некое од ТОП 5 првенствата на Европа или имал друга должност во три од последните пет години.

Како на пример, „Дејли меил“ го посочи актуелниот стратег на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер. Ако сега би важел овој проект-правило тогаш Јунајтед воопшто не ќе можел да го ангажира својот поранешен фудбалер за тренер затоа што тој пред да дојде на „Олд Трафорд“ работеше во Норвешка. Ситуацијата со тренерот на Лидс Марсело Биелса исто така би била сложена.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk