logo
logo
logo

РЕВОЛУЦИЈА НА РОЛАН ГАРОС: Промените на годинешниот Грем Слем сите ги оставил во ЧУДО...

Vecer | 13.05.2021

РЕВОЛУЦИЈА НА РОЛАН ГАРОС: Промените на годинешниот Грем Слем сите ги оставил во ЧУДО...

Тенисерите кои ќе учествуваат на Отвореното првенство во Франција ќе им биде овозможено едночасовен дневен престој вон хотелскиот карантин, соопштиле организаторите.

Директорот на турнирот Ги Форже додал дека играчите ќе имаат прилика “да одат на трчање или да уживаат во чист воздух“.

Тој оценил дека играчите се свесни за ситуацијата врзани за пандемија на корона вирус.

“Наша цел не е да им ставиме алка и да ги врземе во хотел или на теренот на Ролан Гарос“ – рекол Форже.

На овогодишниот турнир се очекува поголем број гледачи, бидејќи ограничувањето на националнои ниво ќе биде намалено пред и за време на натпреварите.

Навивачите ќе можат да одат на шест посебни подрачја внатре во комплексот, се очекува организаторите оваа година да продадат 118.611 влезници, во споредба со 15.000, колку што биле продадени минатата година.

Играчите по доаѓање во Париз ќе одат директно во хотел каде што ќе бидат тестирани на коронавирус пред да добијат акредитација, а тестови на коронавирус ќе се извршуваат секои четири дена.

Тенисерите ќе бидат сместени во два париски хотели, каде што ќе имаат пристап на ресторани, теретани, пристап во теретани на Ролан Гарос нема да имаат во деновите кога не се на распоред за играње.

Новитет ќе бидат ноќните мечеви на централниот терен, кој ќе се игра од 9 јуни, со вклучени рефлектори и со можност затворање на крововите на стадионот.

Публика нема да има единствено на 9. јуни од 21 часот поради полицискиот час.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk