logo
logo
logo

Репрезентативците се собраа за почеток на патот кон Мундијалот (ФОТО)

Vecer | 22.03.2021

Репрезентативците се собраа за почеток на патот кон Мундијалот (ФОТО)

Македонските репрезентативци попладнево имаа собир за стартот на квалификацискиот циклус за пласман на СП 2022 година во Катар, и натпреварите против Романија на гости, Лихтенштајн дома и Германија на гости.

Селекцијата се соочи со неколку проблеми, по отсуствата на Зајков и Костадинов поради позитивни тестови на Ковид-19, како и отсуството на Тричковски кого ќе го нема поради повреда, па така мораа да се повикуваат нови играчи. На списокот се најдоа Агим Ибраими и Стефан Ашковски.

Дополнителен проблем ќе претставува и отсуството на Аријан Адеми кој има ситна повреда, и веројатно ќе го пропушти само мечот со Романија.

Добредојдовте! 🇲🇰

#НапредМакедонија

Posted by Фудбалска Репрезентација на Македонија on Monday, March 22, 2021

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk