logo
logo
logo

Ред Бул призна: Преговараме со Порше

Vecer | 09.03.2021

Ред Бул призна: Преговараме со Порше

Еден од главните советници во Ф1 тимот на Ред Бул, Хелмут Марко, призна дека тимот разговара со компанијата Фолксваген за можна соработка во иднина. Германскиот производител минатата нела излезе со срамежлива најава дека можно е со некој од своите брендови да влезе во Ф1 циркусот.

Се споменуваа Ауди и Порше, а денеска од Ред Бул потврдуваат дека наскоро може да се случи, австрискиот тим да биде снабдуван со мотори од марката на Порше.

Сепак, Марко истакна дека се уште е рано да се зборува за какви било договори.

„Во минатото разговаравме и со многу други компании. Точно е, во разговори сме со Порше, но сè уште ништо не е решено. Факт е дека имаме опрема што ни овозможува не само да одржуваме мотори, туку и да развиваме свои од 2022 година од 2025 година. Во однос на соработката со Рено, Мерцедес или Ферари, едногласно одлучивме дека ваквото партнерство нема да му одговара на духот на Ред Бул“, заклучил Марко.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk