Во заостанат меч од 1. коло во Ла Лига, шпанскиот шампион Реал (М) оствари нова победа во тековната сезона. Момците на Зидан вечерва славеа со 2:0 над екипата на Хетафе, откако успеаја да го скршат отпорот на противникот дуеи во последните 30 минути од средбата.

Првиот гол во победата на „кралевите“ беше дело на Карим Бензема во 60. минута, а само седум минути по него во погоди и Менди за 2:0 со што Реал потврди дека ќе ги запише вечерашните три бода на своето конто.

Со два меча повеќе, Реал се уште заостанува 5 бода зад лидерот во Ла Лига, екипата на Атлетико (М).

 

sportmedia.mk