logo
logo
logo

Реал со пресврт се врати од „мртвите“ и намали на 2:1 во серијата со Анадолу

Vecer | 27.04.2021

Реал со пресврт се врати од „мртвите“ и намали на 2:1 во серијата со Анадолу

Кошаркарите на Реал Мадрид во драматична завршница го совладаа Анадолу Ефес со 80:76 во третиот натпревар од четвртфиналето во Евролигата.

Дуелот беше комплетно израмнет се до последните секунди, кога Реал успеа да направи пресврт, да поведе и да дојде до првата победа. По двата порази во Турција, Шпанците се вратија во игра за полуфиналето откако намалија во серијата на 2:1.

Серхио Љуљ со 20 поени беше најефикасен кај „кралевите“, додека кај гостите Мичиќ постигна 29 поени.

Четвртиот натпревар е на програмата во четврток, исто така во Мадрид, а евентуалната „мајсторка“ ќе се игра во Истанбул.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk