logo
logo
logo

Реал сака да го продаде Азар, но има ли купувач за него?

Vecer | 06.05.2021

Реал сака да го продаде Азар, но има ли купувач за него?

„Реал Мадрид сака да го продаде Еден Азар, но прашање е кој би сакал да го купи?“, тврди новинарот Хосеп Педрерол за телевизијата Ел Чирингито.

„Целта на Реал Мадрид е да го ангажира Мбапе. Азар ќе биде ставен на трансфер листа. Тој не се смета за недопирлив. Не се однесуваат така кон него пред почетокот на преодниот рок. Азар сака само да игра фудбал, но ќе биде исклучително тешко Реал да најде купувач за него“, вели новинарот на телевизијата блиска до „кралскиот клуб“.

30-годишниот Белгиец дојде во Реал Мадрид за околу 100 милиони евра (без бонуси). Оваа сезона тој одигра само 18 меча постигнувајќи 3 гола.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk