Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид ја испуштил можноста да заработи 15 милиони евра само за два натпревари оваа недела. Тоа се средбите со Ливерпул (3:1) во Лигата на шампионите и вечерашниот натпревар против Барселона во Ла Лига.

„Кралевите“ останаа без овие средства поради тоа што двете средби ги одиграа без публика. Ковид-19 прави проблем кај сите клубови, а Реал е навикнат да игра пред многу публика од каде генерира значителни финансиски средства.

Сега не е така. Стадионите се затворени, а нивните натпревари се гледаат на телевизија.

Се претпоставува дека за секој меч од групната фаза на ЛШ Реал „губел“ по три милиони евра, а само за четвртфиналето загубата е во висина од 10 милиони евра.

sportmedia.mk