Елче му направи големи прболеми на Реал Мадрид, кои ги реши Карим Бензема во финишот со два гола, носејќи победа за „кралевите“ на домашен терен.

Првиот дел заврши без голови, а потоа Елче дојде до изненадувачко водство. Калво во 61. минута погоди во мрежата на Реал.

Во 73. минута Бензема по асистенција на Модриќ стрелаше, а во 91. минута со одличен гол Французинот го врати Реал во игра за титулата во Шпанија.

sportmedia.mk