logo
logo
logo

Реал (М) се намачи, но на крајот убедливо дојде до финале на светското клупско првенство (ВИДЕО)

Vecer | 08.02.2023

Реал (М) се намачи, но на крајот убедливо дојде до финале на светското клупско првенство (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид обезбедија пласман во финалето на Светското клупско првенство, откако вечерва го победија Ал Ахли со 4:1 во второто полуфинале. „Кралскиот клуб“ вечерва во Рабат настапи во нешто ослабен состав без главните ѕвезди Карим Бензема и Тибо Куртоа, но сепак успеа да победи со убедлив резултат.

Во завршницата на првиот дел Реал го отвори резултатот со погодокот на Винисиус, а на почетокот на вториот дел веќе беше 2:0 за Реал Мадрид, по погодокот на Валверде.

Сепак, Ал Ахли не се предаде и успеа да го намали резултатот на 2:1. Во 64. минута од белата точка прецизен беше Маалул кој го намали водството на европјаните.

Само пет минути подоцна Ал Ахли можеше да израмни на 2:2 бидејќи одлична прилика имаше Афша. Сепак, Реал во завршницата доби шанса исто така од пенал да ја запечати победата, но Модриќ не успеа да реализира.

Во судиското породолжение, сепак, Реал со два гола само го потврди триумфот. Во 92. минута погоди Родриго, а во самата завршница и Арибас.

Во финалето „кралевите“ ќе играат против Ал Хилал, кој вчера го изненади Фламенго со 3:2.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk