ЦЕНАТА Е ДЕФИНИРАНА

Реал (М) го мерка Сусо

За време на летниот преоден рок, поранешниот фудбалер на Ливерпул доби официјална понуда од Интер, Рома и Атлетико (М)

Актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), со посебно внимание ги следи настапите на шпанскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Милан, Сусо.

Одличниот играч за врска пред неколку дена потпиша нов договор кој е со важност до 2022 година, но во новиот договор има ослободителна клаузула која ќе биде активирана доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 50 мил. евра.

За време на летниот преоден рок, поранешниот фудбалер на Ливерпул доби официјална понуда од Интер, Рома и Атлетико (М).

Поврзани

Најнови вести

Коментари