logo
logo
logo

Реал (М) го доби полуфиналното „Ел Класико“ и обезбеди финале на Ф4 турнирот

Vecer | 19.05.2022

Реал (М) го доби полуфиналното „Ел Класико“ и обезбеди финале на Ф4 турнирот

Реал (М) ја доби „Ел Класико“ пресметката со Барселона во второто полуфинале на Ф4 турнирот во Евролигата во Белград. Вечерва во уште една драматична завршница, шпанската пресметка им припадна на „кралевите“ кои на крајот славеа со 86:83.

На двата тима им припадна по едно полувреме, па на крајот среќата им се насмевна на мадриѓани. Барселона одигра одлични воведни 20 минути, но потона во третата четвртина кога Реал направи +15 и успеа целосно да го промени текот на мечот. Каталонците се обидоа да се вратат во последниот период, стигнаа во егал во последната минута, но на крајот на двапати мораа да бркаат негатива од 3 поени и да прават брзи прекршоци. Кошаркарите на Реал беа одлични од линијата за слободни фрлања и на крајот ја задржаа предноста која им обезбеди прво финале по пауза од 4 години.

Миротиќ со 26 поени беше најефикасен на мечот, но и тоа не беше доволно за победа на Барселона. Кај Реал со по 18 поени најефикасни беа Јабуселе и Косер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk