ЛЕТЕН ПРИОРИТЕТ НА "КРАЛСКИОТ КЛУБ" НАСЛОВ

Реал (М) да понуди 300 мил. евра за двоецот Кејн-Али

Познатиот шпански весник "Марка", кој важи за близок до "кралскиот клуб", откри дека Реал (М) не успеа за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на францускиот интернационалец Килиан Мбапе и сега има обврска да ангажира најмалку една суперѕвезда за време на идниот летен преоден рок

Скаутите на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), со посебно внимание ја следат играта на најдобрите фудбалери во дресот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Хари Кејн и Деле Али.

Познатиот шпански весник "Марка", кој важи за близок до "кралскиот клуб", откри дека Реал (М) не успеа за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на францускиот интернационалец Килиан Мбапе и сега има обврска да ангажира најмалку една суперѕвезда за време на идниот летен преоден рок.

Клупските челници веќе составија список со фудбалери кои сигурно ќе добијат официјална понуда за време на преодниот рок, но "Марка" откри дека сите директори на Реал (М) се сложни околу тоа дека шпанскиот гигант мора да се фокусира на напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн и на неговиот тимски колега, Деле Али.

Станува збор за помлади фудбалери кои ќе бидат во фокусот и следната недела кога е на програма дуелот од 3. коло во групната фаза од Лигата на шампиони, помеѓу екипите на Реал (М) и Тотенхем. Сепак, спектакуларните трансфери ќе бидат реализирани за време на летниот преоден рок само доколку официјалната понуда за двоецот од редовите на лондонскиот премиерлигаш не биде помала од 300 мил. евра.

Поврзани

Најнови вести

Коментари