logo
logo
logo

Реал - Ливерпул: Реприза на финалето во ЛШ од 2018

Vecer | 06.04.2021

Реал - Ливерпул: Реприза на финалето во ЛШ од 2018

Вечерва од 21.00 часот ќе се игра првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул. Тоа е реприза на финалето на ЛШ од 2018 година. Сега „кралскиот клуб“ ќе ги одмери силите со еден од најтрофејните англиски клубови и тоа на „Алфредо ди Стефано“ стадионот во Мадрид.

Реал се пласира во четвртфиналето по лесна победа против Аталанта, но не беа толку убедливи во групната фаза. Ливерпул дојде преку РБ Лајпциг, а во овој меч влегуваат осоколени по големата победа над Арсенал со 3:0 во Премиер лигата. „Црвените“ воедно загубија само еден од последните осум натпревари во ЛШ од почетокот на сезоната. Вон стројот се Ван Дајк, Матип, Келехер, Хендерсон, Гомез, Ориги…

Реал ќе нема помош од Варан кој има позитивен тест на коронавирус. Карвахал и Азар се во „аут“ се врати Рамос но ќе видиме дали ќе биде достапен.

Последните три меѓусебни дуели ги доби Реал Мадрид, но последниот им беше токму она финале од 2018 во кое „кралевите“ славеа со 3:1. Претходно се соочија во 2014 година во групната фаза со тоа што Реал два пати победи.

Ливерпул има три победи над „Кралевите“ но две од нив се во 2009 година и една во финалето на КЕШ во 1981 година.

На другиот меч вечерва Манчестер Сити ќе ја пречека Борусија Дортмунд.  Сити е речиси нов англиски шампион, Борусија се бори за да фати место во ЛШ идната сезона, па ќе видиме кој ќе биде помотивиран вечерва. Гостите доаѓаат без неколку играчи, Мукоко, Санчо, Шмелцер, Витцел и Загаду кои се повредени. Сити нема такви проблеми и плус е во одлична форма.

„Граѓаните“ се фаворити, но Борусија има што да каже, претходното коло ја елиминираа незгодната Севиља, можеби имаат сила за висок пласман.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ – ПРВИ НАТПРЕВАРИ

МАН.СИТИ – БОРУСИЈА Д.         21:00 ч.
РЕАЛ М. – ЛИВЕРПУЛ    21:00 ч.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk