logo
logo
logo

Реал го сака Кунде од Севиља, но неговата цена е огромна

Vecer | 28.04.2021

Реал го сака Кунде од Севиља, но неговата цена е огромна

Според пишувањата на „АС“ Реал Мадрид е заинтересиран за централниот бек на Севиља Жулс Кунде. Младиот француски дефанзивец игра одлично во дресот на андалузиската екипа, а не само Реал, туку и други клубови го гледат неговиот развој. Меѓутоа постои еден голем проблем за клубовите кои сакаат да го ангажираат. Неговата откупна клаузула изнесува неверојатни 90 милиони евра.

Реал ќе проба да ја убеди Севиља на варијанта 50-60 милиони евра пари плус да испрати фудбалер на „Санчез Писхуан“. А кој би бил тој фудбалер не е познато, а и прашање е дали Севиља ќе сака вакво нешто.

Кунде е поранешен играч на Бордо.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk