Кошаркарите на Реал Мадрид убедливо го совладаа Фенербахче во Истанбул со 93:67 во последното коло од Евролигата и на тој начин екипата на Пабло Ласа обезбеди пласман во Топ 8 фазата од елитното натпреварување.

За да одат во плејофот, им требаше победа за да не мора да размислуваат за другите натпревари од последната рунда.

Најефикасен во победничкиот тим беше Козер со 20 поени и четири асистенции. Дек имаше кош помалку, додека Лапровитол постигна 18.

Кај Фенер најдобар беше Де Коло со 23 поени.

Евролига, 34 коло:

ЦСКА – Асвел 88:70

Жалгирис – Панатинаикос 93:78

Фенербахче – Реал Мадрид 67:93

Алба – Звезда 81:58

Валенсија – Басконија

sportmedia.mk