Големи проблеми за стратегот на Реал Мадрид Зинедин Зидан во пресрет на првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите. „Кралевите“ играат против Аталанта во среда, а вон стројот се дури девет фудбалери.

Во болницата на Реал се приклучи и Карим Бензема кој се повреди пред мечот со Ваљадолид и нема да заздрави на време за дуелот со италијанскиот тим. Проблем се препоните. За мечот со Аталанта Зидан ги нема на располагање уште Серхио Рамос, Марсело, Карвахал, Милитао, Валверде, Азар, Родриго, Одриозола, па Зи-зу е принуден да излезе со експериментален состав во Бергамо со минимална расположива помош од клупата.

Ова се 19-те фудбалери на кои Зидан смета за мечот со Аталанта.


sportmedia.mk