logo
logo
logo

РБ Лајпциг си донесе напаѓач од Ајакс

Vecer | 12.03.2021

РБ Лајпциг си донесе напаѓач од Ајакс

Германски РБ Лајпциг потпиша договор со холандскиот напаѓач Брајан Броби, кој доаѓа како слободен играч од Ајакс. Сепак, играчот ќе остане да игра за Ајакс до крајот на сезоната, а од 1 јули ќе му се приклучи на Лајпциг додека договорот му е на четири сезони или до јуни 2025 година.

Броби е младински репрезентативец на Холандија, но има брзина и чувство за гол. Сезонава постигна два гола на седум првенствени натпревари, а три гола постигна во Лига Европа од кои еден беше на вчерашниот дуел со Јанг Бојс.

Инаку трансферот на Броби во Лајпциг предизвика реакции и расправии меѓу спортскиот директор на Холандската фудбалска асоцијација Нико-Јан Хогма и колегата од Ајакс Марк Овермарс. Овермарс се обидуваше да го задржи во Ајакс, додека шефот на Асоцијацијата го поттикнуваше тој да направи трансфер во Германија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk