logo
logo
logo

Размена во јуни: Елмас во Севиља, Папу Гомез во Наполи!?

Vecer | 23.04.2021

Размена во јуни: Елмас во Севиља, Папу Гомез во Наполи!?

Во Италија наголемо се пишува дека постои голема можност Елиф Елмас во јуни да се пресели во Ла Лига и да го облече дресот на Севиља, на еден од најголемите шански клубови. Да потсетиме дека Мончи, менаџерот на Севиља го посакуваше Дијамантот уште во 2019 кога овој играше уште за Фенербахче.

Елмас би учествувал во размената меѓу Наполи и Севиља. Наполитанците го посакуваат Папу Гомез а за возврат го нудат Станислав Лоботка, но Мончи инсистирал, ако веќе има размена, ако веќе Папу Гомез се враќа во Италија, до пред некој месец играше за Аталанта, тогаш во неговиот тим да дојде Елиф Елмас и никој друг.

Целиот овој план би можел да го растури Интер кој не крие дека исто го посакува Папу Гомез.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk