logo
logo
logo

Распадори им пресуди на „росонерите“ на Сан Сиро (ВИДЕО)

Vecer | 21.04.2021

Распадори им пресуди на „росонерите“ на Сан Сиро (ВИДЕО)

Младиот напаѓач на Сасуоло, Џакомо Распадори, кој влезе од клупата во второто полувреме на „Сан Сиро“, донесе голем пресврт и победа за Сасуоло во првиот денешен меч од новото коло во Серија А. Сасуоло со 2:1 славеше кај Милан и тоа прва победа над овој противник по пауза од скоро 5 години.

Домашните дојдоа во водство со еден прекрасен гол на Чалханоглу во 30. минута и се до завршните 15 минути на мечот успеваа да го одржат водството, но не и да искористат некоја шанса за зголемена предност.

Упорноста на гостите се исплатеше во завршните минути на мечот, кога во игра влезе младиот 21-годишен напаѓач Џакомо Распадори. Тој најпрво во 76. минута погоди за израмнување на 1:1, а само 7 минути подцна и вторпат ја смести топката во мрежата на Донарума за водство од 2:1.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk