logo
logo
logo

Рамос со порака до соиграчите пред стартот на ЕУРО

Vecer | 24.05.2021

Рамос со порака до соиграчите пред стартот на ЕУРО

Серхио Рамос, капитенот на шпанската репрезентација кој одигра над 180 натпревари, ќе го пропушти претстојното Европско првенство, селекторот Луис Енрике не го стави на списокот н играчи.

Рамос оваа сезона имаше серија на повреди, одигра 15 лигашки меча за Реал Мадрид, само два во 2021 година, па Енрике вака се оправда.

„Одлуките мора да бидат донесени според одредени критериуми. Би сакал да зборам за Рамос. Одлуката не беше лесна, не можеше да настапува во вистинско светло. Вчера разговаравме, беше тешко. Тој секогаш игра на високо ниво, но цврсто сум убеден дека оваа одлука е најдобра за момците. Му порачав да биде себичен за да целосно се врати и да може да настапува за клубот и за репрезентацијата“, изјави Енрике.

Свој коментар имаше и Рамос, кој најави дека ќе биде најголемиот навивач на Шпанија на континенталното натпреварување.

„Европското првенство доаѓа после тешки месеци и чудна сезона како што до сега немам искусено. Ме боли што не можам да им помогнам на своите момци, што не можам да и помогнам на Шпанија, но одморот е најдобро решение за мене во овој момент, да можам да се опоравам и да се вратам. Навистина ме боли што не можам да ја претставувам својата земја, им посакувам среќа на соиграчите на ЕП, јас ќе бидам нивниот најголем навивач“, рече Рамос.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk