Пред неколку денови „Амазон прајм“ пушти документарен филм со име „Легендата Серхио Рамос“ кој го одбележува животот и кариерата на капитенот на шпанскиот национален тим. Централниот бек, чиј договор со Реал истекува наскоро, го коментира својот трансфер од Севиља на „Сантијаго Бернабеу“ летото 2005 година.

Рамос призна дека трансферот не се одразил добро по неговото семејство. Да појасниме, Рамос е роден во Камас, предградие на Севиља, а токму во овој клуб фудбалерот ја почнува кариерата, прво во младинските категории, па во Б тимот, па во А тимот.

Најголемите грешки не се објаснети. Оставам другите да ја раскажуваат приказната. Мојот трансфер во Реал Мадрид беше договорен од двата клуба. Значи на клупско ниво имаше договор. Во тој момент не беа платени никакви клаузули. А тоа ми нанесе проблеми. Навивачите повеќе не се однесуваа кон мене со истата страст како и порано. Тоа беше тешко за приврзаниците на Севиља“, рече Рамос кој во Реал отиде за 27 милиони евра.

Никогаш нема да ја заборавам болката што ја поминаа моите баба и дедо како и родителите. Тие се уште не можат да отидат на натпревар на Севиља кога тимот е домаќин. Затоа реагирам агресивно кога ќе постигнам гол таму. За се што сум преживеал“, додаде дефанзивецот.

sportmedia.mk