logo
logo
logo

Рамос: Ма, каква пензија, сакам уште трофеи, сакам да влезам во историјата на Реал!

Vecer | 06.04.2021

Рамос: Ма, каква пензија, сакам уште трофеи, сакам да влезам во историјата на Реал!

Иако има 35 години, Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија, нема намера да се повлече од зелените фудбалски терени. Едноставно на човекот се уште му се игра. Се уште сака да освојува трофеи.

Него ова лето му истекува договорот со “кралевите“, но вели дека посакува се уште да биде дел од “најголемиот клуб во светот“.

Ма каква пензија. Размислувам како да ја освојам, секако и посакувам, по пети пат Лигата на Шампионите. Тука се СП, ОИ, ЕП, сакам уште трофеи. Сакам да влезем во историјата на Реал Мадрид. Ќе престанам кога ќе осетам дека моето тело не може да ги следи напорите на еден врвен фудбалер, сега се осеќам добро“ вели Серхио.

Вечерва Реал Мадрид во 1/4 финалето во ЛШ се среќава со Ливерпул.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk