По паузата поради ЕХФ неделата продолжуваат натпреварите од домашниот шампионат. Денеска се играат сите натпревари од плеј-офот и плеј-аутот.

Прв на терен ќе излезе Вардар, на домашен терен го пречекува (13 часот) Охрид. Избраниците на Стевче Алушовски имаат осум победи во низа и немаат намера да застанат. На другата страна гостите се борат за излезе во Европа, но трката станува сложена.

Металург по лошиот старт се враќа на нивото кое се очекуваше. Тимот од Автокоманда има нов противник за расчистување на сметки. Овој пат тоа е тимот на Струга, првата средба заврши без победник, па со нови бодови ракометарите на Металург сериозно ќе влезат во местата за нова европска сезона. Мечот е закажан со почеток во 16 часот.

На останатите два меча, Т.Пролет во дебито на Зоран Кастратовиќ е домаќин на Е.Пелистер 2. Пролет на третото место на табелата со 12 бода, но оваа позиција може да стане несигурна доколку ракометарите на овој тим одново киксираат, младите битолчани покажаа дека се незгоден противник

Бутел Скопје и Е.Пелистер е последниот меч од деветото коло. Првиот тим од Битола има само еден пораз и тоа од Вардар, кој пак му одржа вистинска лекција на стартот. Тука фаворитот е јасен, на домаќинот ќе му треба многу повеќе за да успее да дојде до изненадување.

 

Во плеј-аутот исто така за денеска се закажани две средби, останатите две се играат утре.

sportmedia.mk