logo
logo
logo

Ракометна фешта на домашна сцена: Битолчани ја напаѓаат тврдина на Вардар

Vecer | 27.03.2021

Ракометна фешта на домашна сцена: Битолчани ја напаѓаат тврдина на Вардар

Плеј-офот оваа сезона ќе биде далеку поинтересен. Секое коло има по некое изненадување, неизвесни битки се почесто можеме да видиме. На третото коло посебен шмек му дава дербито меѓу Вардар 1961 и Е.Пелистер, двата тима кои ќе се борат за тронот.

Скопскиот состав од сезоната 2014/2015 доминира во домашниот шампионат. Има 13 титули, пет од нив во последните пет години. Е.Пелистер пред стартот на оваа сезона најави дека ќе го напаѓа тронот и дека сака да стави крај на доминацијата на Вардар 1961.

Жељко Бабиќ и неговите момци се сигурни дека имаат сили да го остварат тоа и да ја вратат титулата после долги години, последен пат Битола на ваков голем успех се радуваше во 2004/2005 година.

Токму желбата на Е.Пелистер да ја прекине доминацијата на противникот, но и одлучноста на Вардар 1961 да покаже дека е недопирлив, денеска (17 часот) ќе биде повеќе од доволна причина да гледаме ракометна фешта на домашна сцена.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk